Во Албанија ќе се гради спортски комплекс „Рафаел Надал“


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и договори во Драч да се изгради спортски комплекс.

Комплексот ќе биде изграден во близина на фудбалската академија на Манчестер сити.

„Среќни сме што објавуваме изградба и отворање на центар во Албанија. Проектот е исклучителен и ни се допадна визијата на земјата за промовирање на спортот“, кажа Надал.

Спортскиот комплекс ќе има 12 тениски терени, игралиште за повеќе спортови, фитнес центар, базен и ресторан, но и музеј со дел од трофеите на Надал.