Во авион дознаа дека станале шампиони, па збеснаа од радост (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Зенит Санкт Петербург вчера станаа шампиони на Русија, откако пред три кола на крајот нивниот најголем ривал Локомотива Москва киксна.

Зенит на три кола пред крајот ја освои шампионската титула и стана четвртиот различен шампион на Русија во последните четири години.

Екипата на три кола пред крајот ја обезбеди титулата благодарение на нивниот ривал од Москва, Локомотива, која во Тула загуби од Арсенал, па така на Зенит му беше доволен бодот против Акмат.

По враќањето од Грозни, фудбалерите на Зенит во авион дознаа дека Арсенал победил со 2-0 против Локомотива, па почнаа да „лудуваат“ и да ја слават титулата.