„Во Баерн стигнувам бидејќи и понатака сакам да бидам ѕвезда“

Ренато Санчез после Европското првенство ќе се приклучи на подготовките на Баерн кој порано во оваа годиан за 35 милиони евра го до доведе од Бенфика.

Португалецот е уверен дека во Минхен може да продолжи со игрите од ЕВРО, каде што многумина ги воодушеви.

„Се радувам за тренинзите во Баерн, но и во Баерн треба да се радуваат на мене. Имам големи цели. Сакам да освојувам титули со Баерн. Од првиот момент сакам да помогнам на новиот клуб“, рече Санчез па додаде:

„Во Баерн сакам да го продолжам она што го работев во Бенфика. Бев ѕвезда и клучен играч на Бенфика, доаѓам тоа да бидам и во Баерн“.