Во Барселона следната сезона ќе му дадат шанса на младиот фудбалер од Еибар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Барселона планираат во своите редови да го вратат Марк Кукуреља по крајот на оваа сезона.

Левиот бек сезонава настапува како позајмен фудбалер во Еибар кој според договорот треба да го откупи неговиот договор за сума од 1.7 милиони фунти.

Сепак, по одличните партии оваа сезона, фудбалерот веројатно ќе се врати во Барселона која ќе треба да плати 3.5 милиони фунти на Еибар за да го врати одбранбениот фудбалер во своите редови.