Во Јувентус доаѓа еден од најдобрите тренери од Премиерлигата!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јувентус планира да направи промени на тренерската позиција ако не се променат резултатите во следниот период, па така раководството веќе разговарало со Антонио Конте.

Новинарот Танкреди Палмери објави дека управата на Јувентус не е среќна поради лошите резултати на Максимилијано Алегри.

Иако од управата порачаа дека му веруваат на Алегри, сепак почнале преговори со други тренери, а во петок директорите ќе донесат одлука за иднината на сегашниот стратег.

Доколку Алегри добие отказ, на чело на Јувентус ќе седне привремен тренер, по што се очекува да пристигне Конте.

Меѓутоа, има еден проблем, а тоа е договорот на Конте со Тотенхем и одличните резултати со премиерлигашот.