Војна во Лондон: Челси и Арсенал во борба за италијански репрезентативец


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Англиските гиганти Челси и Арсенал се вклучиле во борбата да го купат Рикардо Калафиори од Болоња ова лето, откако 22-годишниот италијански репрезентативец импресионира со неговите настапи.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека екипите веќе разговарале и наскоро се очекува да испратат понуда до Болоња за Калафиори.

Калчолигашот очекува сума од околу 40 милиони фунти, при што пет милиони ќе завршат во поранешниот тим на Калафиори.

Челси веќе разгледува неколку опции за дефанзивец кој игра со левата нога за да може да го користи и на позицијата на лев бек.