Волкановски со добри вести – имал успешна операција на лактот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австралискиот борец со македонско потекло и светски шампион во перолесна категорија, Александар Волкановски имаше операција на десната рака.

Волкановски по победата против Јаир Родригез најави дека ќе се оперира затоа што цела година го мачела повреда на лактот.

Операцијата била успешна, па сега следи шестнеделна пауза за Волкановски, кој потоа ќе почне со тренинзи.