Враќање на Конор Мекгрегор: УФЦ со голема најава ја закажа борбата на годината (Фото)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најпопуларниот ММА борец во денешницата, Конор Мекгрегор, конечно се враќа во октагонот по цели пет години, а неговиот противник ќе биде Макс Холовеј на UFC 329 кој ќе се одржи на 11 јули годинава.

UFC официјално ја потврди борбата со објавување на постер на кој се Конор Мекгрегор и Макс Холовеј, што ќе биде нивна втора меѓусебна борба.

Мекгрегор и Холовеј првпат се бореле пред 13 години, и тогаш Ирецот победи со одлука на судиите по три рунди.

Конор Мекгрегор последната борба ја имаше летото 2021, кога беше поразен од Дастин Поира, кој го победи и во претходниот меч, неколку месеци порано.