Втор пораз во краток период за Ливерпул: Челси со фантастичниот Кепа и головите на Вилијан и Баркли го совлада ривалот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Челси му го нанесе вториот пораз во само неколку денови на досега непобедливиот Ливерпул.

Избраниците на Френк Лампард пред своите гледачи со 2:0 го совладаа фаворизираниот противник во осминафиналето од ФА Купот.

Вилијан го отвори резултатот по катастрофалната реакција на Адријан кој на овој натпревар го менуваше Алисон. Вториот гол Челси го постигна во второто полувреме кога Баркли од дистанца го совлада Адријан.

Треба да се напомене дека Кепа Аризабалага кој по шест натпревари се врати во тимот на Челси блескаше на гол линијата и спаси неколку сигурни голови.