Втор случај на коронавирус во Јувентус: Соиграч на Роналдо е заразен со болеста! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Даниеле Ругани беше првиот фудбалер од Јувентус, кој „закачи“ коронавирус, а денеска беше потврдена информација дека уште еден играч на „Старата дама“ е позитивен на тестот на опасниот вирус.

Матуиди имал позитивен тест на коронавирус, па тој е во домашен карантин и во моментов неговата здравствена состојба е добра.

Фудбалерот почнал домашна изолација на 11 март, па неговата состојба ќе ја следат доктори на Јувентус и тој ќе го следи истиот протокол како и останатите заболени од вирусот.