За колку пари се продава рекетот на Ѓоковиќ со кој го освои првиот Вимблдон?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ пред 12 години го освои првиот трофеј на Вимблдон, а неговиот рекет се најде на аукција и се очекува да достигне цена од најмалку 20.000 евра. Продажбата се очекува да се случи на почетокот на септември во Англија.

Ѓоковиќ славеше во финалето во Лондон против Рафаел Надал со 6-4, 6-1, 1-6 и 6-3, а рекетот го фрли на трибините и него го фати Коредила Мекенчи.

„Билетите за Вимблдон ги добив на лотарија, а потоа се вратив дома со рекетот со кој Ѓоковиќ го освои турнирот. Тоа беше навистина неверојатно“, кажа Мекенчи.