„За ништо не би ги менувал овие фудбалери, цел свет видео зошто!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер храбро се бореше против Манчестер сити, но загуби со 0-1 во финалето на Лигата на шампиони и така остана без трофејот.

Тренерот Симоне Инѕаги беше импресиониран од настапот на неговите фудбалери и кажа дека не би ги менувал за што во светот.

„Честитки за моите фудбалери. Тие беа одлични. Го загубивме финалето, но тие мора да бидат горди. Не би ги менувал овие фудбалери за никои други, а цел свет виде зошто. Имаме за што да жалиме, но и да бидеме горди“, вели Инѕаги.