Забранета продажба на предмети од комеморацијата на Коби Брајант


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Комеморацијата на Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица кои го загубија животот во хеликотерската несреќа на 26 јануари беше одржана на 24 февруари во Лос Анџелес.

„Стејплс“ беше исполнет до последното место, а тие кои беа во салата добија како подарок книга со фотографиите од починатите, како и посебна влезница и маичка на која се Коби и Џина.

Меѓутоа, имаше и такви кои веднаш се обидоа да заработат. На интернет се појавија маичките за кои се бараат многу пари, а некои се продадоа и за повеќе од 2.000 долари.

Сепак, една од најголемите онлајн продавници „иБеј“ забраниле продажба на работи посветени на Коби, а кои се добиени на комеморацијата.

На овој потег се решија, зашто политиката е таква што се забранува заработка на пари на човечки несреќи.