Запрена е серијата на Левандовски: Изразот на лицето покажува – сѐ!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Баерн Минхен вчера триумфираше со 3-1, а во натпреварот запре неверојатната серија на полскиот напаѓач Роберт Левандовски.

Неверојатниот Левандовски остана без гол во овој меч и по 19 натпревари по ред во кои постигнуваше барем еден гол, 33-годишниот фудбалер не успеа да го совлада противничкиот голман.

Серијата на голови на Левандовски почна на 15 февруари годинава против Арминија Билефилд, а последен тим против кој не успеа да даде гол беше мексикански Тигрес во финалето на клупското светско првенство.

Полјакот не го поднесе добро тоа што не постигна гол, а можеше да се забележи тоа и по изразот на неговото лице по натпреварот.