Заразен фудбалер од Ковид-19 открива: Ова е четврти ден, а моето тело мина низ пекол!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сите спортски настани беа одложени поради коронавирусот, а многу фудбалери се исто така заразени и минуваат тежок период.

Еден од нив е поранешниот фудбалер на англиски нисколигаши, Нејтан Елдер, кој опиша во каква состојба му е телото додека се бори против вирусот.

„Ќе бидам искрен кон сите. Моето тело минува низ пекол во последните четири дена, но денеска ми е најлошо, зашто температурата ми е 39,8 степени и воопшто немам сила. Не сум човек кој паничи, но ова ме исплаши“, кажа Елдер.