Заврши истрагата: Позната пресудата за инцидентот меѓу Ибра и Лукаку!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Италија имаше истрага поради инцидентот меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку, која почна по дуелот во италијанскиот Куп.

Ибрахимовиќ и Лукаку ги дознаа пресудите, а тимовите може да бидат среќни затоа што нивните ѕвезди не добија никакви суспензии.

„Скај Спорт“ пренесува дека двајцата напаѓачи се обвинети за неспортско однесување поради што ги очекува парична казна како што и наложува правилникот.

На крајот Ибрахимовиќ не е обвинет за расизам иако постоеше можност и на тоа инсистираше Лукаку.