Животот е бајка: Работеше на гробишта, па доставуваше храна, а синоќа стана херој на Лејкерс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс ја запиша втората победа по ред во НБА-лигата, откако синоќа по продолженија беа подобри од Њу Орлеанс пеликанс со 120-117.

Херој на вечерта не беа најголемите ѕвезди, Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Расел Вестбрук, туку момчето кое во минатото работело на гробишта за да заработи за живот, а исто поминал дел од животот и како достауввач на храна и неговото име е Мет Рајан.

Рајан во последната секунда од регуларниот дел на мечот погоди тројка за 111-111, по што Лејкерс во продолжение го скрши Њу Орлеанс и запиша втора победа по ред во најсилната кошаркарска лига, откако претходно поранешните шампиони беа подобри и од Денвер нагетс.