Зидан го коментираше потенцијалниот трансфер на Меси и зборуваше за титулата во Ла Лига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серхио Рамос му донесе победа на Реал Мадрид со гол од пенал во 79. минута, па така шпанскиот гигант ѝ избега на табелата на Барселона на четири бодови.

Зидан по мечот на прес-конференцијата даде коментар за мечот.

„Освоивме нови три бодови, кои се многу важни за нас. Моравме да победиме во овој меч, но мораме и во наредните. Титулата не е во наши раце. Знам како функционираат работите, но ништо не е готово. Мора да продолжиме да работиме. Задоволен сум, горд на момците. Ова е фудбал, секој ден е нова приказна. Се мачевме, како против Еспањол пред неколку дена“, кажа Зидан.

Тоа што новинарите ги интересираше е мислењето на Французинот за потенцијалниот трансфер на Лионел Меси од Барселона.

„Не знам што ќе се случи. Се надеваме дека нема, зашто сакаме да биде одлична оваа лига“, кажа Зидан.