Зидан: Реал има 33 титули во Ла Лига, колку има Барселона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на денешната прес конференција пред средбата со Гетафе одговараше на низа различни прашања.

„Кралксиот клуб“ влегува во финишот на сезоната за заборав во која останаа без трофеи. Зидан веќе е трет тренер на клупата оваа сезона, а на лето ќе мора да направи големи промени доколку сака неговиот тим повторно да биде успешен.

Зидан не пропушти прилика да ја „боцне“ Барселона која по се изгледа ќе стане шампион во Шпанија и оваа сезона.

„Ние имаме 33 титули во Лигата, колку има Барселона? Доминираат поради доста причини во последната декада. За освојување на првенството мора да бидете фокусирани од претсезонските натпревари. Повторувам, за мене најважна е  Ла Лига следната година“- истакна Зидан.