Зидан се налути по изјавата на Мајорал и даде одговор за иднината на Јовиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зинедин Зидан реагираше по изјавата на Борха Мајорал дека тренерот на Реал Мадрид планирал да го избрка Лука Јовиќ летово.

Мајорал кажа дека Зидан бил на праг да го продаде Јовиќ, но Мајорал го предомислил, по што српскиот напаѓач остана во екипата.

„Тоа што беше кажано не е вистина. Јовиќ е играч на Реал и јас барав од клубот да го доведе. Секој може да има свое мислење, јас не се мешам, но зборуваат глупости. Такво нешто не се случило во Реал“, објасни Зидан.

Јовиќ не добива премногу шанса во првиот тим, па на четири настапи за „кралевите“ не постигна ниту еден гол.

„Секогаш разговарам со играчите, тоа се приватни работи и не сакам да ги откривам. Најважно за мене е да бидам искрен према нив, секој има право на свое мислење“, вели францускиот тренер.