Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферот на крилниот напаѓач Хаким Зијех од Ајакс во Челси веќе одамна е завршена работа и тој по завршувањето на сезоната ќе стане фудбалер на лондонскиот гигант.
Челси платија 40 милиони евра за Зијех, но тие планираат да купат уште еден фудбалер од Ајакс, со оглед на тоа дека Франк Лампард не е задоволен од Кепа Аризбалага на голот.
Кепа најверојатно ќе биде продаден за помалку пари од што беше купен, а Челси ќе тргне по нов голман, па би можеле да го купат 23-годишниот Андре Онана.
„Дејли Мејл“ пишува дека Зијех ќе се обиде да го убеди својот соиграч да потпише за Челси, па останува да видиме дали ќе успее во неговата мисија.