Зинедин Зидан во друштвото на величествените


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот е нов на листата на оние кои суперкупот на Европа го освоиле како фудбалер и тренер.

Реал Мадрид ја совлада Севиља во суперкупот на Европа со 3:2, а за Зидан тоа е втор трофеј со кралскиот клуб после ЛШ.

Исто така, Зидан после Диего Симеоне (Интер, Атлетико Мадрид), Карло Анчелоти (Милан, Реал Мадрид), Луис Енрике (Барселона, Барселона) и Пеп Гвардиола (Барселона, Барселона) е пети кој овој трофеј го освојува како фудбалер и тренер.

Покрај тоа, Зидан е исто така во друштвото на оние кои како тренер и фудбалер ја освоија ЛШ и суперкупот на Европа, а тука се уште, Јохан Кројф, Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти.