Ѕвезда на Ливерпул е позитивна на ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Тијаго Алкантара кој неодамна пристигна во Ливерпул од Баерн Минхен, денеска дозна лоши вести бидејќи неговиот тест на ковид-19 бил позитивен.

Англискиот гигант ја потврди информацијата преку нивните официјални страници на социјалните мрежи, а Алкантара заминал во самоизолација.

Алкантара чувствува благи симптоми на вирусот и ќе мора да биде во самоизолација, по што ќе треба да направи дополнителни тестови за ковид-19.