Ѕвезда на Манчестер јунајтед го испофали Ристовски (Фото)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски ја освои титулата во хрватската Суперлига, а потоа доби честитка од ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.

Ристовски и Фернандеш се пријатели од Португалија, каде што заедно го носеа дресот на Спортинг Лисабон.

Ристовски објави фотографија на социјалните мрежи од прославата на плоштадот во Загреб, Фернандеш ја сподели таа слика и искоментира „Феномен“.