Ѕвезда на Реал Мадрид го презема местото на Ансу Фати!

Ансу Фати доживеа тешка повреда на менискусот на коленото поради што го чека пауза од неколку месеци, па поради тоа не е во составот на Шпанија за претстојниот собир на репрезентацијата.

Селекторот Луис Енрике мораше да пронајде замена и тој повторно реши да му даде шанса на талентираниот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио.

Претходно Енрике мораше да го повика и Ектор Бељерин, кој го замени повредениот Хесус Навас.

Шпанците во текот на претстојниот собир играат пријателски меч со Холандија, па потоа со Швајцарија и Германија во Лига на нации.