Ѕвездите на Баерн со коментар за заминувањето на Флик: Се потроши за година ипол…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот тренер Ханси Флик донесе одлука на крајот на сезоната да си замине од Баерн Минхен по година ипол минати на кормилото.

Флик се реши на овој потег откако неговиот тим испадна од Лигата на шампиони, а одлуката прво ја соопштил на раководството, а денеска и на фудбалерите.

Секако, неговата одлука ги изненади фудбалерите, кои беа среќни што соработуваа со Флик во претходниот период.

Голманот на Баерн, Мануел Ноер даде коментар и вели дека тоа е емотивно.

„Причините не ни се важни. За нас ова е многу емотивно затоа што минавме прекрасни моменти заедно“, вели Ноер.

За заминувањето на тренерот на Баерн зборуваше и Томас Милер, кој беше во шок.

„Не ни ги соопшти точните причини за одлуката, но не мора да ни каже. Многу енергија потроши во претходните година ипол“, вели Милер.