Барди асистент за Леванте во убедливата победа против Селта Виго (Видео)

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди одигра одличен натпревар во дресот на Леванте на гостувањето кај Селта Виго кој клубот од Валенсија го доби со убедливи 4:1.

Нашиот Барди активно учествуваше во првиот погодок, а беше асистент на последниот, четврт гол на Леванте.

Резултатот го отвори Моралес во 20. минута, а во 40. минута Коке зголеми на 2:0. Со овој резултат се замина на полувреме, а во вториот дел продолжи доминацијата на гостинскиот тим.

На 3:0 зголеми Моралес на асистенција на Борха Мајорал, а потоа следеше утешителен погодок на Селта Виго.

Последниот гол на средбата беше дело на Борха Мајорал, а асистент на истиот беше нашиот Енис Барди.