Видео: Деби гол за Алиоски во Чемпионшип

Езгијан Алиоски одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Лидс Јунајтед.

Во рамките од петтото коло од Чемпионшип лигата неговиот Лидс гостуваше кај Нотингем Форест и забележа победа од 2:0.

Алиоски го постигна вториот погодок за гостинскиот тим откако со одличен удар од 20 метри го матираше Смит. Првиот гол беше дело на Руф.