Два клубови се заинтересирани за Митровиќ!

Српскиот фудбалер, Митровиќ на крајот на сезоната би можел да го напушти Њукасл.

Се погласни се шпекулациите дека него го бараат два клубови од ПЛ и тоа Вест Хем и Кристал Палас, кои се заинтересирани за неговите услуги.

Митровиќ стигна во Њукасл пред 1 и пол година од Андерлехт за 16 милиони евра, но во дебитантската сезона не му помогна на тимот да остане во ПЛ.

Во оваа сезона Митровиќ одигра 23 натпревари и постигна 6 голови.