Додека очите на спортската јавност се свртени кон Лужники Ѓоковиќ го освои Вимблдон

Најдобриот српски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ го освои неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон откако со чисти 3:0 го совлада Кевин Андерсон.

Со оваа победа Ѓоковиќ стигна до 13. Гренд Слем титула во кариерата и стана третиот најстар тенисер кој го освоил Вимблдон. Ова беше вкупно четврти трофеј на терените во Лондон за Ѓоковиќ.

Во првите два сета Ѓоковиќ доминираше, додека третиот сет траеше најдолго и Србинот го доби по тај-брејк (6:2, 6:2, 7:6)