Енди Мареј – Разочаран сум, имав една шанса!

По раното испаѓање на Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот Енди Мареј требаше да има лесен пат до првата титула на Австралијан Опен.

Сепак, тој доживеа пораз од Миша Зверев и така го заврши натпреварувањето во 4-то коло.

„Не сакам да барам оправдување, Миша беше подобар и заслужено победи во 4 сетови. Разочаран сум затоа што зад мене се 7 најдобри месеци во кариерата. Имав желба да поминам што е можно понатаму, но сега нема да имам шанса да го освојам овој турнир.“

Првиот рекет играше пет пати во финалето на Австралијан Опен, но и понатаму е без титула во Мелбурн.