И политиката важна, ПСЖ го менува спонзорот, се подалеку од казна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ реши да направи промени, па ќе го промени својот долгогодишен спонзор, дел од причината за промена е и од политички прилики, а исто така ќе ги смали шансите да се меча УЕФА.

ПСЖ најде дел од решението за своите проблеми, ќе го промени спонзорот на крајот од сезоната.

Веќе нема да биде „Флај Емиратс“, причината за ова е затоа што сакаат повеќе пари, а исто така поради конфликтот помеѓу Саудиска Арабија и Катар.

Поради ова ПСЖ сака ново име на своите дресови, а тоа би им донело околу 50 милиони евра, дупло повеќе отколку сега, а ќе им ја олесни работата околу ФФП.

Имено, според информациите од Франција, нема да биде катарската авио-компанија, бидејќи ова веднаш би предизвикало истрага од страна на УЕФА, туку некоја од компаниите кои се бават со финансиски сервиси, осигурување или градежништво.

Се истакнува дека ПСЖ би инкасирале 50 милиони по сезона, тоа значи дека ПСЖ ќе мора да продаде играчи во вредност од 75 милиони ова лето и тоа воопшто не е невозможна мисија, односно не подразбира заминување на Нејмар или Мбапе како што се шпекулираше.