Ибрахимовиќ со урнебесна изјава по доаѓањето на Леброн во Лос Анџелес (ФОТО)

Фудбалерот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ, на свој начин го коментираше доаѓањето на Леброн Џејмс во Лејкерс.

Во минатата ноќ беше објавено дека Џејмс се договорил со Лејкерс, а ќе потпише четиригодишен договор вреден 154 милиони долари.

Меѓу првите кои го коментираше договорот беше Ибрахимовиќ.

„Сега Лос Анџелес има Бог и Крал“, напиша шведскиот фудбалер.

На Џејмс ова ќе му биде прв клуб од Западната конференција по 15 години поминати на Истокот.