Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино им се закани и ги предупреди оние кои планираат да ја играат потенцијалната Супер Лига дека ќе бидат исклучени од неколку натпреварувања кои се под капата на ФИФА.
Во јавноста протекоа информации дека Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и други европски гиганти сакаат да формираат лига од 16 тима која ќе биде наречена Супер Лига и во која ќе бидат најдобрите европски тимови.
Сепак, на ваквиот предлог не се согласуваат првите лица на ФИФА и УЕФА кои најавија санкции за оние кои би учествувале во ваквите проекти.
„На најголемите имиња од светскиот фудбал ќе му биде забрането да учествуваат на Мундијалот доколку се појават во Европската Супер Лига. Мора да го спречиме настанувањето на оваа лига“коментираше Инфантнио.














