Крај на сезоната за Вејд!

Екипата на Чикаго ќе ја продолжи сезоната без Двејн Вејд.

Искусниот кошаркар ќе го пропушти остатокот од сезоната поради скршеница во десниот лакт.

„Подобро се чувствувам и среќен сум што не морам да одам на операција. Само одам на рехабилитација и се надевам дека ќе бидам на теренот до крајот на годината. А ако не оваа, тогаш наредната сигурно.“

35-годишниот кошаркар ја заврши сезоната со просек од 18.6 поени, 4.5 скокови и 3.9 асистенции.

Треба да се каже дека Вејд три пати го освојуваше шампионскиот прстен, односно дека 12 пати беше учесник во Ол-Стар натпревар.