Кристал Палас ја „краде“ трансфер желбата на Арсенал


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Гардиан“ пренесува дека германскиот интернационалец Макс Маер кој е слободен агент откако му истече договорот со Шалке 04 е пред трансфер во Кристал Палас.

Клубот предводен од Рој Хоџсон ќе ја добие трката за германскиот интернационалец по позитивните преговори кои се одржале во претходните неколку дена.

Со тоа Кристал Палас ја доби битката со многу посилните Арсенал, Ливерпул и Марсеј кои исто така беа загреани за овој играч.

Маер во текот на денешниот ден ќе пристигне во Лондон каде ќе ги има неопходните медицински прегледи пред и официјално да стане играч на „Орлите“.