Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето од ФА Купот со два нерегуларни гола (Видео)

Екипата на Манчестер Сити помина неочекувано тешко на гостувањето кај Свонси во рамките од четвртфиналето од ФА Купот.

„Граѓаните“ имаа два гола негатива по само 29 минути игра откако Гримес и Челина погодија за домашниот тим.

Сепак, Манчестер Сити се целосно се врати во натпреварот и со два сомнителни гола успеа да стигне до победата.

Најпрво Бернардо Силва намали на 2:1, а резултатот го израмни Агуеро откако реализираше од 11 метри. Мора да се признае дека пеналот беше сомнително досуден.

Во 88. минута Аргентинецот погоди со глава за конечни 3:2, а голот беше постигнат од очигледна офсајд ситуација.