Монпелје на колена, Вардар славеше среде Франција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар го победија Монпелје на гостувањето со 27-24 во првото коло од Лигата на шампиони.

Иако францускиот гигант влезе како голем фаворит во натпреварот, македонскиот шампион уште еднашпокажа дека и сезонава ќе биде кандидат за висок пласман.

Монпелје подобро го отвори натпреварот. Имаа водство во почетните минути, но Вардар од серија 3-0 стигна до 6-4.

До крајот на полувремето се играше гол за гол, а Вардар беше за нијанса подобар и на полувремето замина со водство од 12-11.

Со одличното отворање на второто полувреме Вардар заминува на плус три, но Монпелје не се предаваше, па во 44. минута стигнаа до водство од 19-18.

Сепак, до крајот на натпреварот црвено-црните играа фантастично и на крајот стигнаа до победа од 27-24.