Навивачи на Јунајтед собираат пари за отказ на Мурињо

Англиските медиуми известија дека Манчестер јунајтед ќе мора да му плати 12 милиони фунти на Жозе Мурињо доколку сака да го отпушти.

Според обложувалниците, Мурињо е лидер на листата како најголем фаворит за прв да добие отказ во новата сезона на Премиерлигата.

Многумина се сомневаат во неговите квалитети и мислат дека сезонава нема да имаат посериозни успеси.

Еден навивач на Јунајтед направи интересно барање на „ГоФандМи“ за да собере 12 милиони фунти, кои се потребни за отказот на 55-годишниот тренер.