„Навивачите ни се потребни повеќе од било кога!“

Тренерот на Реал, Зидан ги повика навивачите да го поддржат тимот во еден од најважните натпревари во оваа сезона.

Реал на свој терен го дочекува Баерн, а по првиот натпревар има предност од 2:1.

„Сите знаете колку е важен тој натпревар. Навивачите ни се потребни повеќе од било кога. Секогаш ни требаат и тие секогаш се тука за нас, но во ваков натпревар тие може да бидат играч повеќе.“

„Веќе го одигравме првиот натпревар и знаеме какви проблеми може да ни создаде Баерн. Ќе биде тешко додека судијата не досуди крај и ние сме свесни за тоа. На теренот ќе излеземе да победиме затоа што не сакаме да се коцкаме, а за успех мора да дадеме се од себе.“