Нов срамен потег на Томиќ!

Австралискиот тенисер, Бернард Томиќ повторно се најде во центар на внимание на јавноста.

Тој вчера го предаде натпреварот на Јанг во Акапулко, откако изгуби во тај-брејк во првиот сет.

Како причина поради повлекувањето ја наведе исцрпеноста од големата топлина, а интересно е тоа што во моментот беше 27 степени.

Томиќ само неколку часови подоцна одигра натпревар во двојки и така предизвика многу негативни коментари на друштвените мрежи.

Ова не е прв пат да направи некој ваков потег, тој минатата недела му подари победа на Дарцис.