Од Долберг до Кеита – ова се најбараните фудбалери на светот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британски Гардијан најави врело лето на трансфер пазарот и најскапи трансфери кои не очекуваат.

Нешто повеќе од три месеци остана до почетокот на преодниот рок, но нема сомнеж дека многу клубови веќе сега наголемо преговараат и завршуваат зделки околу доведувања на засилувања за следната сезона.

Најактивни велат дека се Англичаните.

Очекувано, премиерлигашите во последните сезони редовно демонстрираа кога се во прашање оштетите, а влијателниот Гардијан претстави список на најбарани фудбалери кои во ова лето може да ја променат клупската боја.

Каспер Долберг (Ајакс)

Изработката на Ајакс на дански таленти не покажува значи на пропаѓање, а имаме нов дијамент кој ги следи чекорите на славните претходници Јеспер Олсен, Јан Молби и Кристијан Ериксен.

Манчестер Сити веќе го следи 19-годишниот напаѓач, кој со партиите во дресот на тимот од Амстердам се истакна како расен стрелец во Ередивизија.

Долберг е споменат и како желба на уште неколку англиски клубови меѓу кои се Ливерпул, Јунајтед и Евертон, но Граѓаните се главни фаворити имајќи во вид можното заминување на Серхио Агуеро.

Вилфред Заха (Кристал Палас)

Маурисио Покетино не крие дека сака да го засили нападот на Пејачите во текот на летото со купувањето на репрезентативецот на БСК, инаку стандарден првотимец на Кристал Палас кој се бори за опстанок.

Неговиот придонес во таа борба е пет голови и шест асистенции, но преговорите за продолжување на договорот се стопирани што е убава вест за Тотенхем.

Проблем е само што претседателот на Палас Стив Периш не сака да го пушти Заха за мали пари.

Се претпоставува дека тимот од Вајт Харт Лејн може да го добие за 33 милиони евра, но тешко дека газдата на Пејачите Даниел Леви ќе исплати толкава сума.

Наби Кеита (Лајпциг)

Универзалецот од Гвинеја е фудбалер кој експлодираше во дебитанската сезона на Лајпциг од соништата во која овој млад клуб стигна на чекор од Лигата на шампионите.

Во целата сезона го следат скаути на Арсенал, но и многу големи клубови вклучувајќи и големиот ривал Баерн од Минхен.

Лајпциг нормално сака да му понуди нов договор и да обезбеди долгорочно останување на најдобриот фудбалер во Австрија во минатата сезона и се надеваат дека настапите во ЛШ ќе го привлечат.

Но, доколку Арсенал се одлучи да доведе некој ќе го запре разиграниот Канте, токму Кеита е вистински избор.

Ромелу Лукаку (Евертон)

Три години после што го продадоа на Гудусон Парик за 32 милиони евра, сопствениците на Челси ќе мораат да платат дупло повеќе пари сума напари за да го вратат репрезентативецот на Белгија иако овој одби да го продолжи договорот со Карамелите.

Тешко дека Роналд Куман ќе може да го убеди на Мерсисајд, но уште една сезона на врвот на листата на стрелците овој генијален 23-годишен напаѓач веројатно ги убеди останатите клубови дека е вредна инвестиција.

Блиските врски на Манчестер Јунајтед со менаџерот Мино Раиола даваат и на Ѓаволите шанса за купување на Лукаку, но тие се танки доколку тимот од Олд Трафорд не игра во ЛШ.

Исто така, и Барселона внимателно го следи Лукаку.

Антоан Гризман (Атлетико Мадрид)

Добар дел од текот на сезоната неговиот брат форсирање на социјалните мрежи дека следна дестинација на французинот може да биде Олд Трафорд, посебно после желбата на Атлетико да го врати Диего Коста што може да се случи во ова лето.

Јунајтед веќе се распрашување за Гризман кој во последните три сезони постигна 57 голови, а поедини извори од Шпанија наведуваат дека има откупна клаузула од 98 милиони евра.

Дали Мурињо е спремен да потроши толкава сума на пари како за Пол Погба во минатото лето ќе видиме.

Гризман се чини како фудбалер вреден за тој потег.

Муса Дембеле (Селтик)

Со очекуваното заминувањер на Лукаку од Евертон во ова лето, Роналд Куман ќе бара да доведе адекватна замена, а приоритет на Холанѓанецот е 20-годишниот напаѓач на Селтик.

Оштетата од околу 45 милиони евра веројатно ќе биде потребна да биде исплатена, со оглед на тоа дека шампионот на Шкотска веќе во јануари лесно одби понуда на Челси.

Планот на Зелените е во ова лето добро да заработат на детето кое го доведоа од Фулам во претходната година, а меѓу клубовите кои се интересираат за малиот Муса е и Реал Мадрид, па ќе видиме колку Евертон е во предност.

Махмуд Дауд (Борусија Мехенгладбах)

Неговите менаџери беа преплавени со понуди во претходните месеци после што Сириецот одби да го продолжи договорот со Келтите на крајот на претходната сезона.

Борусија од Дортмунд која се посвети на купување на млади фудбалери се споменува начесто како иден клуб на одличниот играч за врска, но Дауд секој викенд во Бундеслигата внимателно го следат и скаути на Челси, Ливерпул и Манчестер Сити.

Исто така, од Дауд рака не дигна ни Јувентус кој ќе се вклучи кога клубовите ќе почнат да испраќаат понуди, но Дортмунд е фаворит број еден и му спреми место во тандем со Хулијан Вајгл за следната сезона.

Хулијан Брант (Леверкузен)

Фудбалер кој може да игра на разновидни позиции во нападот долго вреќе важи за иднина на германскиот фудбал, па нема изненадување што Јирген Клоп е загреан да го доведе на Енфилд во ова лето.

Единствен проблем е што баш како и додека беше во Борусија, плановите ги расипува Баерн од Минхен кој исто така го сака Брант.

Тренерот Карло Анчелоти веќе испрати инцијална понуда за 20-годишниот Германец па и Клоп би било добро да побрза со понуда, ако не сака да „извиси“ за офанзивецот на Баер од Леверкузен.

Килијан Мбапе (Монако)

Одличните партии на ова момче во ЛШ привлекоа внимание на него па Монако на големо планира да прифати рекордни понуди кои ќе следат во ова лето за фудбалер кого татко му е Камерунец, а мајката Алжирка.

Реал Мадрид спаѓа во главните фаворити во овој момент бидејќи неговите скаути во живо го следеа Мбапе неколку пати во последните недели, но и Жозе Мурињо се распрашуваше за него.

Прашање е меѓутоа дали Јунајтед ќе може да го купи и него и Гризман? Тешко. Во секој случај, сума од 55 милиони евра е потребна да биде понудена за Кнежевците воопшто да размислуваат за продажба.

Александр Лаказет (Лион)

После страшниот гол со кој ја собори Рома во првиот меч од осмина финалето на ЛЕ Лаказет призна во изјава за медиумите дека се ближи крајот на неговата кариера во вториот по големина град во Франција.

Барселона се чини како негова голема желба, а со оглдед на можностите и фактот дека игра на повеќе места во нападот то не невозможна мисија.

Постојат реални изгледи за иднина во Каталонија, но тоа доста ќе зависи и од фактот кој ќе го замени Луис Енрике на клупата на Каталонците од следната сезона.

Баш затоа и Арсенал го сака Лаказет за случај да останат без Алексис Санчез.

Френк Кеси (Аталанта)

Челси неколку пати се споменуваше како главен фаворит за купување на играчот за врска од БСК, се додека Кеси сам не изјави дека го „сонува дресот на Манчестер Јунајтед“.

Трката за купување на еден од најбараните фудбалери во Серија А и понатака е актуелна, а за црномурестиот играч за врска на Аталанта се интересира сериозно и Јувентус.

Сепак, најголеми шанси се дава на и понатака на Антонио Конте кој сака да го засили средниот ред на Сините за наредната зезона во Лигата на шампионите.

Фаози Гулам (Наполи)

Разочарувачките настапи на Купот на Африка со Алжир не влијаеше на левиот пад да му падне репутацијата и цената.

Пеп Гвардиола опасно е загреан за дефанзивецот на Наполи од кого очекува дека може да го реши проблемот на позицијата лев бек во Сити која го мачи.

Наводно, Сити и Наполи се во поодминати преговори околу трансфер за 14 милиони евра.

И Челси се интересира за Гулам без оглед што на платниот список ги има веќе Рахмам Баба и Маркос Алонсо, но Граѓаните се многу поблиску до фудбалерот на Наполи, кој веројатно ќе биде прво летно засилување на Итихад.