Одржан ждребот за бараж натпреварите за пласман на СП во Русија

Денес беше одржана ждрепката за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство кое идната година ќе се одигра во Русија.

Натпреварите од баражот ќе се играат од 9 до 11 септември (првите натпревари), а реванш средбите се закажани од 12 до 14 ноември.

Репрезентациите беа поделени во два шешири, на носители и неносители. Во првиот шешир се најдоа Швајцарија, Италија, Хрватска и Данска, додека во вториот беа репрезентациите на Северна Ирска, Шведска, Ирска и Грција.

Ова се двојките за бараж средбите:

Северна Ирска- Швајцарија

Хрватска- Грција

Данска- Ирска

Шведска- Италија

Само четири од осумте репрезентации ќе обезбедат пласман на СП и ќе им се приклучат на Русија, Франција, Португалија, Германија, Србија, Полска, Англија, Шпанија, Белгија и Исланд меѓу репрезентациите од Европа кои ќе играат на Мундијалот.