Омејер го продолжи договорот со ПСЖ

Легендарниот француски голман, Тиери Омејер има веќе 40 години, но тој не сака да замине во пензија.

Тој денес официјално го продолжи договорот со ПСЖ до 2018-та година.

„Среќен сум што ќе ја продолжам авантурата во ПСЖ и горд сум на довербата која клубот ми ја даде. Да се биде дел од овој тим е голема чест и мило ми е што ќе продолжам да бранам во ПСЖ.“

Тиери Омејер во ПСЖ стигна во 2014-та година и досега одигра 117 настапи.

Во кариерата има брането за Чернау, Селестат, Монпеље и Кил, а од 1999 година е голман на Франција со која освои се што може да се освои.