Паспаљ доживеа мозочен удар

Славниот југословенски кошаркар Жарко Паспаљ доживеа мозочен удар за време на неговиот престој во Сан Антонио.

Според медиумите 51 годишниот Паспаљ сега се чувствува добро но се уште е под лекарски надзор.

Поддршка на еден од првите европски играчи кои заиграле во Европа му дале и неговите сонародници Грег Поповиќ и Владе Дивац кои во моментов се покрај него во САД.

Паспаљ во својата богата кариера има играно за Будучност, Партизан, Сан Антонио, Олимпијакос, Панатинаикос, Паниониос, Рејсинг Париз  и Виртус.

Со репрезентацијата на Југославија има освоено две злата на Европските првенства (1898 и 1991) како и една бронза во 1987 година.