Пресврт – Коста во Премиер лигата, но не во Лондон!

Иако имаше приказни дека во англиската претстолнина може да ја продолжи кариерата, според последните пишувања тоа нема да се случи.

Пишувавме порано, дека Даглас Коста е на излезните врати од Алијанц Арена, а заинтересирани страни има многу.

Уште зимата се споменуваше Јувентус, неодамна во трката се вклучи и Тотенхем, а како што пренесува Тутоспорт третиот тим е главен фаворит за потписот на одличниот дриблер.

Имено, Ливерпул моментално се нагласува како фаворит, кога е трката за потписот на Даглас Коста во прашање.

Јирген Клоп речиси цела сезона е во потрага за уште еден квалитетен офанзивец, кој би помогнал на Кутињо, Мане и Фирмино, а од следната сезона тоа може да биде одличниот Бразилец.

Не е познато колку Баерн ќе бара за него, медиумите шпекулираат дека управата на Баварците ќе се задоволат со 30 милиони фунти, бидејќи поранешниот фудбалер на Шахтјор не е во плановите на Анчелоти.

Коста секако би бил огромно засилување за екипата на Клоп, ќе видиме дали ќе успее да ги израдува своите навивачи и да го доведе на Енфилд.