Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Санинг“ не се шегува, еве што е ставено на располагање на тимот. Со овие 4 играчи, Интер е кандидат за титулата.
Според медиумите, Кинезите се подготвени да вложат 150 милиони евра за засилувања, а ако вака продолжи Пиоли кој има поддршка од навивачите, ќе остане и наредната сезона.
Интер сака да ја нападне доминацијата на Јувентус, а еве ги и потребните засилувања.
Пред се, планот е да се донесат дефанзивци, за левата страна е активен Родригез, а за стопер се преговара со Манолас.
Ќе се обидат и да го засилат десниот блок, со Дармијан или Врсаљко.
Голема работа е завршена на средината на теренот со Гаљардини, ќе остане Банега, како и Марио, а најмногу пари ќе бидат вложени во нападот.
Мета е Санчез, а освен тоа, Интер планира да го донесе и Берарди или Бернардески и така дополнително да го подмлади тимот.
Се претпоставува дека 4 или 5 нови играчи, со одличен тим кој веќе е доста конкурентен, ќе има шанси за титулата наредната сезона.