Утре промоцијата, Баерн доведува нов репрезентативец на Германија!

Баерн од Минхен продолжува да го доведува она најдоброто што Бундеслигата го има, сега се работи за трансфер на дефанзивец.

Бадштубер замина во Шалке, а негова замена стигнува експресно.

Стоперот кој во оваа сезона игра одлично во дресот на Хофенхајм, Никлас Зуле, се договори со Баерн од Минхен и утре најверојатно ќе биде објавен неговиот трансфер од страна на официјалните лица на клубот.

Зуле има само 21 година, но во оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Хофенхајм кој најверојатно ќе се бори за Европа.

Баерн го плати 20 милиони евра, а Кикер пишува дека Зуле ќе потпише договор на пет години со Баварците.

Овој млад стопер го бараа и Премиерлигаши, посебно Челси, но Баерн беа поупорни и побрзи.

Зуле благодарение на одличните игри доби и повик во репрезентацијата на Германија, речиси секогаш се наоѓа на списокот, а одигра само еден меч против Финска.