Хабиб Нурмагомедов одби да оди на суд во Лас Вегас!

Хабиб Нурмагомедов направи голема скандал по победата против Конор Мекгрегор, по што Спортската комисија од Невада треба да ја донесе конечната одлука за суспензијата.

Актуелниот УФЦ-шампион во лесна категорија очигледно нема намера повеќе да се грижи, па кажа што мисли за цела ситуација.

„Јас ја бранев својата чест, семејство и религија. Нема да одам на судење во Лас Вегас, па нека ми ги земат сите пари и нека ме суспендираат на 10 години. Натпреварот заврши според правилата“, кажа Нурмагомедов.