Чисора на вулгарен начин го провоцираше Вајт, па на крајот си го доби заслуженото (ВИДЕО)

Дилијан Вајт синоќа во Лондон го совлада Дерек Чисора со брутален нокаут во 11. Рунда, па така ги одбрани титулите во ВБЦ Силвер и ВБО светски шампион.

И пред две години направија спектакл двајцата борци во Манчестер, а тогаш Вајт победи со одлука на судиите, додека вечерва му наплати поради еден вулгарен потег на Чисора.

Мечот го одбележа и срамна провокација на Чисора, кој во еден момент од борбата го фати Вајт за рамена и го турна кон неговиот половен орган, притоа симулирајќи се*с, но на крајот доби одмазда, односно беше „патосиран“.